Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека залихите на муниција на САД се на високо ниво и дека „никогаш не биле повисоки и подобри“, односно дека се практично неограничени. Тој на својата социјална мрежа „Вистина“ наведе дека војните што ги води САД може да се водат долготрајно и успешно, благодарение на тие залихи.

Трамп порача дека оружјето на САД во залихите е подобро од најдоброто оружје на другите земји и дека САД имаат капацитет неограничено долго да водат војна.

Трамп го обвини Џо Бајден дека и дал на Украина оружје од залихите вредно стотици милијарди долари, без да ги обнови залихите, но дека сега тој повторно ја обновува американската армија.  

Слични новости

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Во обраќањето до нацијата од Белата куќа Трамп порача дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат и постројките за нафта, доколку не биде постигнат договор со иранските лидери.