На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Tрамп од овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апарати.

Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече ѓубре кое што не го дочитал до крај. Трамп тврди дека Иран ѝ кажал на неговата администрација дека ќе им дозволи на САД да влезат и да помогнат во екстракцијата на нивниот високо збогатен Ураниум, но се откажале од тоа во својот последен предлог за прекин на огнот.

Иран пак јавно не се согласи да се откаже од збогатениот ураниум и инсистира дека неговата нуклеарна програма е стабилна.

 

Слични новости

Иранците уништија клучен американски воен радар вреден над милијарда долари

Најголемата поединечна загуба е системот за рано предупредување АН/ФПС-132 во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, вреден 1,1 милијарда долари, кој беше погоден со ирански проектил, за што дадоа потврда и катарските власти.