Кенет Мертен повеќе не е американски амбасадор во Бугарија. Мертен поднесе оставка од должноста која ја извшруваше изминатите години во Софија, која веднаш беше прифатена од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Вообичаена практика е при инаугурацијата на новата американска администрација сите актуелни амбасадори да поднесуваат оставка. Претседателот ја прифати оставката на амбасадорот Кенет Мертен, заблагодарувајќи му се за долгогодишната посветена служба на Соединетите држави“, се вели во соопштението на амбасадата.
Трамп го ослободи Мертен многу порано од вообичаената дипломатска пракса.
Во Бугарија е неполни две години, а вообичаеното време на дипломатски мандат е 3, а често и 4 години.
Кенет Мертен го наследи Херо Мустафа како американски амбасадор во Бугарија, чиј мандат истече во 2023 година.
Слични новости
Поради земјотресите на Санторини затворени училиштата, воведени дополнителни летови
Од петокот се забележани земјотреси меѓу вулканските острови Санторини и Аморгос во Егејското Море, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата
Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми својата безбедност среде војните во Украина и на Блискиот исток.
Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави
Во Свиленград денеска ќе се одржи официјалната церемонија со која ќе започнат активностите на заедничкиот офицерски контингент од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија за чување на бугарско-турската граница, соопшти бугарското МВР