Русија и Украина се обвинија меѓусебно во средата за прекршување на договорот за прекин на нападите врз енергетска инфраструктура, неколку часа откако на тоа се согласија рускиот и американскиот претседател кој исто така разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата и извести за одреден напредок.

По телефонскиот разговор со Владимир Путин во вторникот, Доналд Трамп разговараше со украинскиот претседател во средата. „На добар пат сме“, рече американскиот претседател по разговорот.

Трамп рече дека неговиот „многу добар телефонски разговор“ со Зеленски траел еден час и тоа е нивен прв разговор по непријатната средба во Овалната соба во Белата куќа на 28 февруари. Целта на разговорот беше „да се усогласат Русија и Украина во однос на нивните барања и потреби“, објави Трамп на социјалните мрежи.

Рускиот претседател во средата го отфрли целосниот 30-дневен прекин на огнот по море и на компно предложен од Трамп, кој Украина претходно го прифати. Но, Путин се согласи да ги прекине нападите врз украинската енергетска инфраструктура и Зеленски го прифати тој предлог. Таа тесно дефинирана пауза веќе беше доведена во прашање во средата, откако Москва објави дека Украина погодила складиште за нафта во јужна Русија, додека Киев рече дека Русија цели на болници и домови, што Москва уште еднаш најкатегоришно го отфрли како „киевска пропаганда и лага“.

Сепак, двете страни размениле по 175 војници во договорот олеснет од Обединетите Арапски Емирати. Москва објави дека ослободила уште 22 ранети Украинци како гест на добра волја.

Зеленски во средата рече дека континуираните напади покажуваат дека зборовите на Москва не се совпаѓаат со нејзините постапки и дека Русија не е подготвена за мир. Тој додаде дека САД треба да бидат задолжени за надзор на каков било прекин на огнот.

„Ако Русите не ги нападнат нашите објекти, тогаш ние сигурно нема да ги нападнеме нивните“, рече Зеленски на брифингот во Хелсинки заедно со претседателот на Финска.

Некои европски лидери го гледаат отфрлањето на Путин на предложениот целосен прекин на огнот како доказ дека Москва не бара мир. Русија, пак, појасни дека имајќи го искуството од претходното непочитување на договорите од страна на Укаина, не може да се согласи на таков прекин на огнот во текот на кој украиснката војска ќе се прегрупира, ќе се снабди со оружје и ќе добива западни разузнавачки информации за руските позиции и цели.

„Нападите врз цивилната инфраструктура првата ноќ по овој наводно клучен и голем телефонски разговор не стивнуваат. Путин игра игра овде и сигурен сум дека американскиот претседател нема да може да седи и да гледа уште долго“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за германската телевизија ZDF.

Другите европски сојузници полагаат малку повеќе надежи. Разговорот меѓу Путин и Трамп беше „прв чекор, а потоа ќе видиме кога ќе почнат преговорите“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, нагласувајќи дека страните се договориле да разговараат за предлозите за прекин на огнот на состаноците во Саудиска Арабија.

globe

Слични новости

Бела куќа: Трамп ќе ѝ помогне на Украина да добие систем за противвоздушна одбрана

Бела куќа: Трамп ќе ѝ помогне на Украина да добие систем за противвоздушна одбрана

Соединетите држави ќе ѝ помогнат на Украина да добие систем за противвоздушна одбрана, изјави во средата портпаролката на Белата куќа, неколку часа по телефонскиот разговор меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски

ЕК инвестира стотици милијарди евра во одбраната

ЕК инвестира стотици милијарди евра во одбраната

Европската комисија во средата претстави одбранбен пакет вреден стотици милијарди евра кој треба да одговори на итните потреби на Украина и на долгорочната потреба за зајакнување на безбедноста и одбраната на земјите од Европската унија