Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се намалуваат буџетите и надлежностите на „Гласот на Америка“ и уште шест федерални агенции. Според наредбата, овие институции мора да ги сведат своите активности на минимум, дозволени со закон.
„Оваа наредба е продолжение на намалувањето на делови од федералната бирократија кои претседателот ги смета за непотребни“, се наведува во документот.
Трамп, кој често ја критикуваше работата на „Гласот на Америка“, во својот прв мандат ја назначи неговата сојузничка Кари Лејк за директорка на медиумот.

Покрај „Гласот на Америка“, мерките се насочени кон уште шест агенции, меѓу кои и Институтот за музејска и библиотечна служба, Американскиот меѓуагенциски совет за бездомни лица и Агенцијата за развој на малцинските бизниси.
Наредбата е дел од пошироката стратегија на Трамп за реформирање на федералниот апарат, што ја спроведува одделот предводен од милијардерот Илон Маск.
Досега, тимот на Маск предложи укинување на над 100.000 работни места од вкупно 2,3 милиони во федералната влада, како и кратење на помошта за странски држави и замрзнување на илјадници програми.
Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.
Слични новости
Ден на жалост во Црна Гора, Србија и Бугарија поради трагедијата во Кочани
Во Црна Гора денеска е ден на жалост по трагедијата во Македонија кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а над 100 се повредени. Во Србија и Бугарија утре ќе биде ден на жалост.
Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра
Министрите за надворешни работи на Европската унија треба да се состанат во понеделник за да разговараат за нова иницијатива која би можела да обезбеди милијарди евра дополнителна воена помош за Украина
Каја Калас: Условите на Русија покажуваат дека Москва не сака мир во Украина
Условите на Москва за примирје, всушност покажуваат дека тие не сакаат мир, бидејќи тие услови се крајните цели на војната“ изјави Калас по состанокот на Советот за надворешни рабти на ЕУ