Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција (ВИ) на федерално ниво, за да ги спречи 50-те американски држави да го прават тоа на свое ниво.
„Сакаме да имаме само еден извор на овластување … Далеку сме пред Кина. Кина го знае тоа. А доколку не го направемво вака, ќе ѝ го дававме на Кина најголемиот подарок“, рече американскиот претседател во Овалната соба на Белата куќа.
Текстот на регулативата има цел да „обезбеди само една рамка за функционирање на вештачката интелигенција, така што таа да не подлежи на законодавство на ниво на поединечните сојузни држави, што би можело да го парализира целиот сектор“, објасни главниот секретар на Белата куќа, Вил Шарф.
Регулативата, теоретски, не може да биде над текстот гласан во Конгресот или парламентот на американска сојузна држава.
Досега, повеќе од сто закони се донесени во околу триесет сојузни држави, водени од деморкатите или од републиканците, за голем број аспекти поврзани со вештачката интелигенција, а бројни предлог-закони се поднесени во Конгресот, но ниту еден сè уште не е ставен на гласање.
Неколку часа по неговата инаугурација во јануари, Трамп ја поништи извршната наредба на својот претходник Џо Бајден за безбедноста на вештачката интелигенција.
Слични новости
Лавров: Разрешени недоразбирањата со САД околу Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во четвртокот дека сите „недоразбирања“ со САД околу Украина се решени по состанокот меѓу претседателот Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф претходно овој месец
Зеленски вели дека Кина работи на интензивирање на соработката со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во среда, по извештајот на шефот на службата за надворешно разузнавање на Киев, дека Русија и Кина преземаат чекори за интензивирање на соработката
САД запленија танкер близу брегот на Венецуела
Соединетите држави запленија нафтен танкер крај брегот на Венецуела, изјави во средата американскиот претседател Доналд Трамп, зголемувајќи ги тензиите со Каракас, потег што веднаш ги зголеми цените на нафтата


