Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе го тужи британскиот јавен сервис Би Би Си за износ меѓу една и пет милијарди долари, поради начинот на кој беше монтиран неговиот говор во емисијата „Панорама“.

„Ќе ги тужиме. Веројатно следната недела ќе дадеме тужба со барање за отштета меѓу една и пет милијарди долари. Тие мамеа. Ги изменија зборовите што излегоа од мојата уста“, изјави Доналд Трамп.

Би Би Си во четвртокот официјално му се извини на американскиот претседател „поради грешката во проценката“, но соопшти дека не се согласува дека постои основа за тужба за клевета, пренесува Сакј њуз.

Трамп најави дека за се ќе разговара со британскиот премиер Кир Стармер и тврди дека народот на Обединетото Кралство е многу лут поради инцидентот.

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер