Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе ги таргетираат иранските електрани и мостови во вторник доколку Техеран не го отвори Ормутскиот теснец. Во исто време, Иран го предупредува Вашингтон дека потенцијалниот напад на САД би можел да има последици врз територијата на САД.

„Вторник ќе биде „ден на електраните“ и „ден на мостовите“ се во едно во Иран. Нема да има ништо слично на тоа. Отворете го проклетиот теснец, луди копилиња, или ќе живеете во пекол, само гледајте“, напиша Доналд Трамп на својата мрежа Truth Social.

Потоа му даде рок на Иран до вторник во 20 часот по источно време.

Иран иронично возврати на заканите на Трамп со пораката „ги загубивме клучевите од Ормутскиот теснец“.

Техеран предупреди дека ако Трамп ја нападне инфраструктурата, последици од војната ќе има и на територијата на САД.

 

Слични новости

Њујорк тајмс: На Трамп му се претставени дополнителни воени опции за напад врз Иран

Њујорк тајмс: На Трамп му се претставени дополнителни воени опции за напад врз Иран

Официјални претставници на администрацијата наведуваат дека Трамп зазема сличен пристап кон Иран како кон Венецуела, натрупувајќи сили во близина, додека му се заканува на лидерот на земјата