Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави под знак прашање членството на САД во НАТО, оценувајќи ја Алијансата како „хартиен тигар“.
Во интервју за британскиот „Телеграф“, Трамп изјави дека по завршувањето на војната со Иран „речиси и да нема дилема“ дека ќе мора да се преиспита американското присуство во НАТО.
Сличен став изнесе и американскиот државен секретар Марк Рубио за „Фокс њуз“. тој нагласи дека САД ќе бидат принудени да го ревидираат односот со Алијансата.
Вашингтон особено е револтиран поради ограничената употреба на европските бази и, како што тврди, недоволната поддршка во кризата околу стратешки важниот Ормуски Теснец, клучен за светската економија.
Еден од основните столбови на НАТО е обврската за заеднички одговор во случај на напад – член 5. Но актуелниот конфликт со Иран, започнат од САД и Израел, не е опфатен со тој механизам на колективна одбрана.
Слични новости
Стармер: Лондон не мора да бира помеѓу САД и Кина
Јас сум прагматичар, британски прагматичар кој проименува здрав разум изјави Стармер, кој порача дека британски интерес е да се соработува со Кина која носи огромни можности.
Постигната е општа спогодба за безбедносните гаранции за Украина
Вашингтон ќе му даде на Киев безбедносни гаранции, но нема да испрати свои трупи, туку во Украина ќе бидат стационирани само европски трупи, појасни Рубио.
Брисел размислува да го укине ветото
Европската унија ја разгледува можноста за укинување на правото на вето во сферата на надворешната и безбедносната политика, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Каја Калас.


