Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави под знак прашање членството на САД во НАТО, оценувајќи ја Алијансата како „хартиен тигар“.
Во интервју за британскиот „Телеграф“, Трамп изјави дека по завршувањето на војната со Иран „речиси и да нема дилема“ дека ќе мора да се преиспита американското присуство во НАТО.
Сличен став изнесе и американскиот државен секретар Марк Рубио за „Фокс њуз“. тој нагласи дека САД ќе бидат принудени да го ревидираат односот со Алијансата.
Вашингтон особено е револтиран поради ограничената употреба на европските бази и, како што тврди, недоволната поддршка во кризата околу стратешки важниот Ормуски Теснец, клучен за светската економија.
Еден од основните столбови на НАТО е обврската за заеднички одговор во случај на напад – член 5. Но актуелниот конфликт со Иран, започнат од САД и Израел, не е опфатен со тој механизам на колективна одбрана.
Слични новости
Обидот на Трамп да го присвои Гренланд ги сврте Ервопјаните против него
Најновата анкета што ја спроведе YouGov во данска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија покажа дека Европјаните се свртеа против...
Атентат врз руски генерал во Москва
Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.
Албанската влада ја укина забраната за Тикток
Албанската влада ја укина привремената забрана за Тикток, воведена пред единаесет месеци, според официјален документ на кабинетот на премиерот.