Претседателот на САД Доналд Трамп повторно се закани со напад врз иранскиот комплекс Пикекс, утврден подземен објект во близина на нуклеарната постројка во Натанц, за кој постои сомнение дека е поврзан со иранската нуклеарна програма.

Трамп и претходно се закани дека ќе го дигне во воздуг комплексот Пикекс, доколку САД забележат активности и го предупреди Иран да биде претпазлив.

„Можеби ќе треба да ја дигнеме во воздуг планината Пикекс, засега не забележуваме големи активности, но доколку забележиме, веднаш ќе ја дигнеме планината во воздух“ им порача Трамп на лидерите на земјите од Перисискиот залив на Генералното собрание на Обединетите нации.

 

Слични новости

Иран соопшти дека погоди танкер под знамето на Того

Иран соопшти дека погоди танкер под знамето на Того

Иранската револуциоенрна гарда соопшти дека нејзините сили погодиле танкер кој пловел под знамето на Того во подрачјето на Ормутскиот теснец.
Танкерот „Тренд“ бил погоден, а потоа преретнат откако на него избувнал пожар, се наведува во соопштението на Техеран.