Американскиот претседател Доналд Трамп побара оставка од американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по медиумските извештаи во кои се изнесени обвинувања дека нудела пристап до функционери во администрацијата во замена за пари, подароци и услуги.
Трамп изјави дека не му се допаднало она што го прочитал во медиумите. Според извештаите на „Волстрит журнал“, Гилфојл наводно имала блиски контакти со лобист поврзан со грчка енергетска компанија и ја промовирала нејзината работа.
Во други наводи се тврди дека се фалела со врските со богати грчки бизнисмени и побарала од американски бизнисмен да ѝ плати сметка од кредитна картичка во износ од 100.000 долари.
Стејт департментот, според медиумските информации, истражува и поплаки од вработени во американската амбасада во Атина.
Слични новости
Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација
Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.