Американскиот претседател Доналд Трамп ќе отпатува за Мајами каде што ќе бидат одржани американско-руските разговори за можностите за решавање на судирот во Украина, соопшти Белата куќа.

Специјалниот претставник на рускиот претседател Путин Кирил Димитриев објави дека веќе отпатувал за Флорида, каде што од американска страна на разговорите ќе учествуваат специјалниот емисар на Трамп Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер.

Доналд Трамп најави дека освен прашањата врзани со руско-украинската војна, бо можел да има во Мајами неформална средба и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

 

Слични новости

Францускиот парламент не постигна договор за буџетот за 2026 година

Францускиот парламент не постигна договор за буџетот за 2026 година

Француските пратеници не успеаја во петогот да постигнат компромисен закон за буџетот за 2026 година, според кој намалувањето на јавните трошоци ќе продолжи во новата година и ќе се гласа за итен привремен буџет додека не се донесе вистински