Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека очекува наскоро да биде потпишан американско-украинскиот договор за поделба на приходите од клучните минерали во Украина.

Трамп на состанокот на својот кабинет им кажа на новинарите дека САД разговараат со Украина за можноста американските компании да поседуваат украински електрани. Вашингтон смета дека тоа ќе биде најдобриот начин тие да бидат заштитени од руските удари.

Делегацијата на САД се состана со украинските претставници во неделата, како и со руските во понеделникот во саудискиот град Ријад. Разговорите главно се фокусираа на прекин на огнот во Црното Море, но Трамп рече дека се појавуваат и други прашања како дел од неговите напори да стави крај на тригодишната руска војна против Украина.

„Во моментов зборуваме за територија. Зборуваме за линии за разграничување. Зборуваме за енергијата, сопственоста на електрани. Некои луѓе велат дека САД треба да ја поседуваат електраната бидејќи имаме експертиза“, рече Трамп веројатно конкретно мислејќи на централата во Запорожје во истоимената област која сѐ уште е под контрола на украинските сили.

globe

Слични новости

Светот во исчекување на „царините на Трамп“

Светот во исчекување на „царините на Трамп“

Потегот, најавен за среда, еден од многуте во кои Трамп ги искористи своите претседателски овластувања, беше поттикнат од неговото инсистирање дека најголемата светска економија е „измамена од секоја земја во светот“

Поплави на Парос и Миконос

Поплави на Парос и Миконос

Грчките острови Парос и Миконос, популарни меѓу туристите во текот на летната сезона, во понеделникот вечерта беа погодени од поројни поплави