Претседателот на САД Доналд Трамп организираше уште една „вечера под свеќи“ во својот клуб во Мар-а-Лаго, на која гостите морале да платат по милион долари од човек, објави часописот „Wired“. На вечерата присуствувал и соработникот на Трамп Илон Маск заедно со неговата партнерка Шивон Зилис, која е мајка на 4 од неговите 14 деца.
И додека претходната вечера на 1 март беше вклучена во официјалниот распоред на претседателот, настанот одржан на 15 март во Мар-а- Лаго не беше дел од неговата јавна програма.

На вечерата, според достапните фотографии, се најдоа и голем број бизнисмени кои сакале да се видат со Трамп. Претходно „Wired“ објави дека бизнисмени можеа да закажат состанок со Трамп за 5 милиони долари.
Овие настани покренаа загриженост меѓу стручњаците кои истакнуваат дека со ваквите приватни вечери се отвара простор за стекнување влијание низ финансиски донации.
Вечерата е одржана истиот викенд кога во Плам Бич е одржана манифестацијата „Палм Евент“ посветена на мото-трките. На тој настан се претставени луксузни автомобили, меѓу кои се најдоа „Ролс-Ројс“ „Бугати’ и „Ламборгини“, кои беа изложени на тревникот на клубот Мар-а-Лаго.
Слични новости
Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите
Истражувачите заклучиле дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак
Летово постхумно ќе бидат објавени новите песни на Фејтфул
Фејтфул, една од најживописните фигури на таканаречениот „Swinging London“ од 60-те години на минатиот век, се соочуваше во одредени периодот со бездомништво, зависност и рак
Ракетата на Спејсекс полета за да преземе двајца американски космонаути
Вселенската ракета Фалкон 9 на американската компанија „Спејсекс“ со четири астронаути полета од Флорида за да преземе двајца астронаути кои се заглавени на Меѓународната вселенска станица ИСС.