Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација „трајно ќе ја паузира“ миграцијата од сите „земји од третиот свет“ за да му овозможи на американскиот систем целосно да закрепне.
Трамп не именуваше земји, ниту објасни што подразбира под „земји од третиот свет“ или „трајна пауза“. Рече дека планот ќе вклучува случаи одобрени од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден.
„Трајно ќе ја паузирам миграцијата од сите земји од третиот свет за да му дозволам на системот на Соединетите Американски Држави целосно да закрепне, ќе ги прекинам сите милиони нелегални влезови на Бајден, вклучително и оние одобрени со автоматското пенкало на Поспаниот Џо Бајден, и ќе ги отстранам сите што не се корисни за САД“, порача американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека ќе ги прекине сите федерални бенефиции и субвенции за „недржавјаните“, додавајќи дека ќе ги „денатурализира мигрантите што го поткопуваат мирот во земјата“ и ќе го депортира секој странски државјанин за кој се смета дека е зависен од јавна помош, претставува безбедносен ризик или е „некомпатибилен со западната цивилизација“.
Белата куќа и Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар.
Коментарите на Трамп дојдоа веднаш по веста за смртта на припадничка на Националната гарда застрелана во заседа во близина на Белата куќа, за која истражителите рекоа дека е извршител авганистанска државјанин.
Претходно во четвртокот претставници на Министерството за внатрешна безбедност изјавија дека Трамп наредил голема ревизија на азилот доделен од администрацијата на Бајден и таканаречените зелени карти издадени на граѓани од 19 земји.
Наводниот напаѓач добил азил оваа година во првите месеци од вториот мандат на Трамп, според документ на американската влада што го видел Reuters, меѓутоа по постапка којашто ја започнала администрацијата на неговиот претходник Бајден за Авганистанците коишто соработувал со американските трупи во текот на дводецениската окупација на Авганистан.
USCIS во среда ги суспендираше сите барања за имиграција за граѓаните на Авганистан до натамошно известување.
„Целта е да се обидеме да постигнеме големо намалување на нелегалното и деструктивно население“, објасни Трамп.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


