Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја остава отворена можноста за војна со Венецуела, според интервју за телевизијата NBC објавено во петокот.
„Не ја исклучувам“, изјави Трамп за NBC News во телефонско интервју.
Трамп, исто така, рече дека ќе има дополнителни запленувања на танкери за нафта во близина на венецуелските води, според објавеното интервју.
Во вторникот Трамп нареди „блокирање“ на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела, во најновиот потег на Вашингтон за зголемување на притисокот врз владата на Николас Мадуро, насочен кон нејзиниот главен извор на приходи.
Белата куќа не одговори веднаш на барањето на Reuters за коментар.
Во вторникот Трамп, исто така, објави дека владата на венецуелскиот претседател Мадуро е прогласена за „странска терористичка организација“.
Нафтата е главен извор на приход за Каракас. Под ембарго од 2019 година, Венецуела ја продава својата нафта на црниот пазар по значително пониски цени, особено на Кина.
Трамп претходно го обвини режимот на Мадуро дека користи нафта за финансирање на „наркотероризам, трговија со луѓе, убиства и киднапирања“.
Слични новости
Трамп ја повика Украина да го забрза договорот за окончување на војната со Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина „брзо“ да постигне договор за окончување на војната со Русија, пред новите разговори што треба да се одржат во текот на викендот во Мајами.
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации
Eвропската Унија (ЕУ) воведува листа на „безбедни земји на потеклото“ на мигрантите заради нивни побрзи депортации
Зеленски сака одлука на ЕУ за финансирање на Украина до крајот на годината
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека ги информирал челниците на Европската унија дека одлуката за финансирање на неговата земја треба да се донесе до крајот на годината, во спротивно ќе се најде во големи проблеми


