Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина ракети „Tomahawk“ со долг дострел.
На прашањето на новинарите кои го следеа на летот со претседателскиот авион а „Air Force One“ дали размислува да ѝ го даде тоа оружје на Украина, Трамп одговори: „Не, всушност не“.
Пентагон ѝ одобри на Белата куќа да испрати крстосувачки ракети „Tomahawk“ со долг дострел во Украина откако проценил дека тоа нема негативно да влијае на американските залихи, а конечната политичка одлука е на претседателот Доналд Трамп, изјавија тројца американски и европски функционери запознаени со ова прашање, објави CNN во петокот.
Трамп изјави претходно овој месец на работен ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа дека иако залихите со ова оружје е големи, попрвои не би ѝ ги дал тие ракети на Украина бидејќи му се потребни за да ги заштити Соединетите држави.
Здружениот генералштаб ја информираше Белата куќа за својата проценка претходно овој месец, пред состанокот на Трамп со Заленски, кој ги бара ракетите за да може поефикасно да ја напаѓа нафтената и енергетската инфраструктура длабоко во Русија. Ракетите„Tomahawk“ имаат дострел од околу 1.600 до 2.400 километри.
Неколку дена пред состанокот со Зеленски, Трамп рече дека САД имаат „многу „Tomahawk““ што потенцијално би можеле да ѝ ги дадат на Украина.
Слични новости
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија
Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје
Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони
Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше


