Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не планираат да враќаат пари на компаниите поради царините што беа воведени за низа странски држави, а кои Врховниот суд ги поништи во петокот.
„Претпоставиувам дека тоа ќе мора да го судат во наредните две години. Значи, тие ќе напишат ваква ужасна, погрешна одлука, целосно погрешна. Речиси како да не ја напишале паметни луѓе. На крај ќе бидеме на суд во наредните пет години“, рече Трамп.
Се очекува поврат на парите, бидејќи американските увозници кои плаќаа царини во 2025 година, додека новата царинска политика беше во сила, веројатно ќе бараат средства од американската Агенција за царина и гранична заштита.
Соединетите Американски Држави можеби ќе бидат принудени да вратат милијарди долари на увозниците кои платија царини на ИЕЕПА.
Пресудата на Врховниот суд за поништување на царините беше донесена со шест гласа „за“ и три „против“. Одлуката беше образложена дека Трамп ги пречекорил овластувањата, кога го користел законот од 1977 година за федерална вонредна ситуација за воведување на реципрочни царини ширум светот.
Без да понуди докази, Трамп истакна дека странски интереси влијаеле на одлуката на Врховниот суд за укинување на царините кои ги воведе минатата година.
Слични новости
Бритиш Петролеум го запре откупот на акциите поради лоши резултати
Британскиот нафтен гигант Бритиш Петролеум денеска соопшти дека го прекинува кварталниот откуп на акциите, откако приходите на компанијата за 2025 паднаа под очекувањата.
Благ пад на цената на нафтата и златото на берзите
Цената на сировата нафта благо падна на 64,3 долари по барел, а цената на нафтата „Брент“ падна на 68,98 долари по барел.
Берзите во Европа и натаму во пораст
Европските берзански индекси и денеска главно се во пораст, откако добрите резултати во работењето на холандскиот Филипс и францускиот Керинг позитивно влијае врз трговијата


