Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата рече дека не ги предупредил директорите на автомобилската индустрија да не ги зголемуваат цените бидејќи стапуваат на сила царините за автомобилите од странско производство, велејќи за NBC News дека „не му е гајле“ доколк тие и го сторат тоа.
Белата куќа се подготвуваше да воведе нови царини за голем број стоки за широка потрошувачка на 2 април, потег што наиде на критики од меѓународните лидери и загриженост за потенцијалните зголемувања на цените за потрошувачите.

Во интервју за NBC News, Трамп рече дека неговите постојани царини за автомобили од странство ќе бидат поттик за фабриките со седиште во САД и е убеден дека потегот ќе доведе до зголемена продажба на автомобили од американско производство.
„Се надевам дека ќе ги зголемат цените, бидејќи ако го направат тоа, луѓето ќе купуваат автомобили од американско производство“, рече Трамп.
Трамп тврдеше дека ќе ги разгледа преговорите за царини само „ако луѓето се подготвени да ни дадат нешто од голема вредност“.
Царините се дел од напорите на Трамп да го промовира американското производство и да го намали трговскиот дефицит на земјата. Трговската политика на Трамп беше клучен фокус и на неговото прво претседателствување, со постојани тензии со главните трговски партнери.
Слични новости
Поплави на Парос и Миконос
Грчките острови Парос и Миконос, популарни меѓу туристите во текот на летната сезона, во понеделникот вечерта беа погодени од поројни поплави
Кина одржува големи воени вежби околу Тајван
Кина го распореди својот носач на авиони „Шандонг“ и други воени бродови околу Тајван, соопшти во вторникот тајванското Министерство за одбрана, додека Пекинг најави воени вежби околу островот
Ле Пен ветува борба „до крај“ и покрај елиминирањето од претседателската трка
Марин Ле Пен во понеделникот беше прогласена за виновна за злоупотреба на средства до ЕУ наменети за нејзините помошници, кои според пресудата биле пренаменети во нејзината партија, и осудена на петгодишна забрана за вршење јавни должности