Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сеуште не знае дали Иран ќе се предаде но порача дека на Иран му оди многу лошо.

Тој рече дека американската морнарица учествувала во повеќе премини на товарни бродови низ Ормутскиот теснец во последните неколку дена, пренесе Ен-Би-Си њуз.

Медиумите пренесуваат изјави на официјален Техеран кој искажува песимизам во поглед на можноста да се постигне договор за прекин на непријателствата и отварање на Ормутскиот теснец пред американските среднорочни избори во ноември.

Техеран смета дека ќе има нова ескалација на судирите по 3-ти ноември кога ќе се одржат американските избори.

Слични новости

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

Референдумот во Исланд за продолжување на преговорите за членство во Европска Унија сосема ги подели жителите на островото. Според нецелосните резултати, 51,2% од гласачите се изјасниле за, а 48,8% се „против“, при што државната телевизија „РУВ“ објави дека разликата е стотици гласови.