Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата средба со францускиот лидер Емануел Макрон е важен чекор напред во насока на постигнување примирје меѓу Русија и Украина.

Трамп додаде дека верува оти Макрон се согласува со него за многу од најважните прашања, вклучувајќи ја и изјавата дека ова е многу интересна и застрашувачка ситуација која може да се претвори во трета светска војна, јави Гардијан.

„Нема да дозволиме тоа да се случи. Војната никогаш не требаше да започне, но почна и сега е страшен, ужасен крвав хаос“, рече американскиот претседател.

Двајцата лидери вчера имаа средба во Овалната соба на Белата куќа.

Посетата на Макрон на Вашингтон дојде на третата годишнина од почетокот на војната во Украина.

 

Слични новости

Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката

Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката

Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест