Американскиот претседател Доналд Трамп во средата одобри едномесечно ослободување од новите царини на увозот од Мексико и Канада за американските производители на автомобили, соопшти во средата Белата куќа.

Оваа одлука дојде откако Трамп разговараше со лидерите на „големите три“ производители на автомобили „Ford“, „General Motors“ и „Stellantis“, објавија медиумите.

Портпаролката на Белата куќа рече дека американскиот претседател им рекол на извршните директори на овие компании дека треба да го преселат производството во САД од Канада и Мексико.

Трамп е отворен и за дискусии за други производи кои би можеле да бидат ослободени од тарифите кои стапија на сила во вторникот, додаде Белата куќа.

Но, тој исто така јасно стави до знаење дека тоа не значи крај на трговската војна со Канада и Мексико, бидејќи врши притисок врз двете земји да го спречат шверцот со фентанил.

По телефонскиот разговор со канадскиот премиер Џастин Трудо, Трамп рече дека не е убеден дека ситуацијата е подобрена.

Тарифите на Трамп претставуваат големи потешкотии за производителите на автомобили, кои произведуваат компоненти за возила во сите три земји и честопати испраќаат делови преку границите повеќе пати, бидејќи тие се вградени во системите и готови возила.

Царините на Трамп се закануваат сериозно да ги оштетат односите меѓу трите трговски партнери. Канада возврати со сопствени тарифи на избраниот увоз од САД, додека Мексико исто така вети дека ќе возврати.

globe

Слични новости

Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега

Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега

Украина се согласи на непосреден 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите, а Вашингтон веднаш ќе продолжи со споделување разузнавачки информации и „безбедносна помош“ за Украина