Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го тужи водителот на церемонијата на доделувањето на Греми наградите Тревор Ноу, за кого рече дека изнел невистини дека тој и поранешниот претседател Бил Клинтон „минувале време“ на островото на сексуалниот престапник Џефри Епстин.

Трамп порача дека никогаш не бил на островото на Епстин и дека ќе ги испрати неговите адвокати „да го тужат овој беден, патетичен и неталентиран водител за брдо пари“. Доделувањето на наградите Греми се нешто најлошо и практично не се за гледање, порача Трамп на неговата социјална мрежа.

Намалку десет уметници на доделата на наградите Греми во Лос Анџелес го критикуваа Доналд Трамп и неговата политика, особено кон имигрантите, а голем број музички ѕвезди носеа значки на кои пишуваше „ИЦЕ надвор“.

 

Слични новости

Пол Макартни најави нов албум

Пол Макартни најави нов албум

Легенадрниот басист на Битлси Пол макартни подготвува нов албум со наслов „The Boys of Dungeon Lane“. Албумот е создаден во соработка со продуцентот Ендру Вот и ќе биде објавен на 29 мај