„Блиску сме до постигнување на нашите цели и сега размислуваме да ги намалиме нашите обемни воени напори“, напиша Доналд Трамп на платформата Трут Соушал. Непосредно пред тоа американскиот претседател на новинарите им изјави дека САД и Израел извојувале победа.
„Мислам дека победивме“, рече Трамп. „Им ја уништивме морнарицата и воздухопловството, ја неутрализиравме нивната противвоздушна одбрана – неутрализиравме сè. Можеме слободно да се движиме. Од воена гледна точка, тие се при крај.
Со најавата за „намалување“ на војната претседателот се обидува да ја смири јавноста, која е загрижена поради растот на цените на горивото. Но, истовремено, според медиумски извештаи, американската војска испратила дополнителни сили во Персискиот Залив – три амфибиски нападни бродови и околу 2.500 маринци.
Трамп вчера повторно ги критикуваше НАТО-сојузниците нарекувајќи ги кукавици и обвинувајќи ги дека немаат храброст да интервенираат во Ормутскиот теснец.
Тој додаде дека би било добро да се ангажираат земјите кои го користат теснецот, бидејќи Кина, како што рече, добива 90% од енергијата преку тој пат, а Јапонија 95%.
Слични новости
Во вчерашната акција на полицијата неофицијално запленети 27 тони марихуана
Во центарот на истрагата е компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, основана во 2023 година и лиценцирана за медицински канабис во 2024 година.
Албанската влада ја укина забраната за Тикток
Албанската влада ја укина привремената забрана за Тикток, воведена пред единаесет месеци, според официјален документ на кабинетот на премиерот.
„Вашингтон пост“ отпушти повеќе од 300 новинари
Компанијата отпушти околу 30 отсто од сите свои вработени, вклучително и повеќе од 300 од околу 800 новинари во редакцијата.