„Блиску сме до постигнување на нашите цели и сега размислуваме да ги намалиме нашите обемни воени напори“, напиша Доналд Трамп на платформата Трут Соушал. Непосредно пред тоа американскиот претседател на новинарите им изјави дека САД и Израел извојувале победа.
„Мислам дека победивме“, рече Трамп. „Им ја уништивме морнарицата и воздухопловството, ја неутрализиравме нивната противвоздушна одбрана – неутрализиравме сè. Можеме слободно да се движиме. Од воена гледна точка, тие се при крај.
Со најавата за „намалување“ на војната претседателот се обидува да ја смири јавноста, која е загрижена поради растот на цените на горивото. Но, истовремено, според медиумски извештаи, американската војска испратила дополнителни сили во Персискиот Залив – три амфибиски нападни бродови и околу 2.500 маринци.
Трамп вчера повторно ги критикуваше НАТО-сојузниците нарекувајќи ги кукавици и обвинувајќи ги дека немаат храброст да интервенираат во Ормутскиот теснец.
Тој додаде дека би било добро да се ангажираат земјите кои го користат теснецот, бидејќи Кина, како што рече, добива 90% од енергијата преку тој пат, а Јапонија 95%.
Слични новости
Израелската армија навлезе во јужен Либан
Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона
Трамп: НАТО го чека многу лоша иднина, ако не им помогне на САД во војната со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со многу „лоша иднина“, доколку сојузниците на САД не помогнат во отворање на Ормутскиот теснец што го затвори Иран.
Гламурозното шоу Оскарите спектакл без ниту едно изненадување
Вечерта на Оскарите мина без изненадувања. Фаворитот „Една битка по друга“ освои шест Оскари меѓу кои и за филм на годината и режија. „Грешници“ кој имаше дури 16 номинации, освои вкупно 4 Оскари.


