Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека ќе воведе секундарни царини во износ од 25 до 50 отсто на целата руска нафта доколку почувствува дека Москва ги кочи неговите напори за завршување на војната во Украина, а би можеле да стапат на сила во рамни од еден месец доколку не се постигне примирје.
Трамп за телевизиската мрежа NBC News рече дека бил „лут и изнервиран“ кога рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше и ја доведе во прашање веродостојноста и изрази увереност во неволноста да биде постигнат мир на украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Трамп додаде и дека планираа оваа седмица повторно телефонски да разговара со Путин.

Во текот на својата претседателска кампања за изборите во ноември 2024 година, Трамп повеќепати ветуваше дека ќе ја заврши она што ја нарекува „редикулозна“ војна во Украина, а на тоа прашање е силно фокусиран откако ја презема должноста на 20-ти јануари.
Трамп пред извесно време и самиот бараше нови избори во Украина и во еден момент го нарече Зеленски диктатор кој не се залага за мир.
Путин, кој оцени дека преговорите со САД се развиваат добро и во однос на воспоставување на прекинатите руско-американски односи и во договарањето околу мир во Украина, ноќта кон саботата сугерираше дека Украина би требало да биде ставена под еден вид привремена управа под надзор на Обединетите нации, за да се овозможат нови избори со кои ќе се избере кредибилна власт која ќе биде гарант на потпишувањето на клучните мировни договори.
„Доколку Русија и јас не успееме да постигнеме договор за запирањето на крвопролевањето во Украина, и доколку сметам дека тоа е по вина на Русија, ќе воведам секундарни царини на нафтата, на целата нафта којашто доаѓа од Русија“, рече Трамп.
„Тоа би значело дека, доколку купувате нафта од Русија, не можете да работите во Соединетите држави. Ќе постои царина од 25 отсто на целата нафта, царина од 25 до 50 проценти на целата нафта“, истакна во продолжение американскиот претседател.
Рече дека таквите царини на руската нафта би стапиле на сила во период од еден месец без договор за примирје.
Трамп рече и дека Путин знае дека е лут на него, но истакна дека има „многу добар однос со него“ и дека „лутењето брзо слабее, доколку тој ја стори вистинската работа“.
Слични новости
Светот во исчекување на „царините на Трамп“
Потегот, најавен за среда, еден од многуте во кои Трамп ги искористи своите претседателски овластувања, беше поттикнат од неговото инсистирање дека најголемата светска економија е „измамена од секоја земја во светот“
Поплави на Парос и Миконос
Грчките острови Парос и Миконос, популарни меѓу туристите во текот на летната сезона, во понеделникот вечерта беа погодени од поројни поплави
Кина одржува големи воени вежби околу Тајван
Кина го распореди својот носач на авиони „Шандонг“ и други воени бродови околу Тајван, соопшти во вторникот тајванското Министерство за одбрана, додека Пекинг најави воени вежби околу островот