Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во вторник ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна во Украина, по позитивниот исход од разговорите меѓу американските и руските претставници во Москва.

„Во вторник ќе разговарам со претседателот Путин. За време на викендот беше завршена многу работа. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме оваа војна. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека шансите се добри“, рече Трамп за време на летот од Флорида до Вашингтон.

Трамп ќе се обиде да добие поддршка од Путин за предложениот 30-дневен прекин на огнот што Украина го прифати минатата недела.

На прашањето што ќе вклучуваат преговорите за прекин на огнот, Трамп одговори:

„Ќе разговараме за територии и за енергетски капацитети. Мислам дека веќе разговаравме за многу работи со двете страни, како и со Украина, така и со Русија“, рече американскиот претседател.

globe

Слични новости

Калас: Широка политичка поддршка за нова воена помош за Украина

Калас: Широка политичка поддршка за нова воена помош за Украина

Има широка политичка поддршка за да се обезбеди воена помош на Украина во вредност до 40 милијарди евра, а разговорите за деталите сега се во тек, изјави во понеделникот високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас