Неколку дена по американската воена интервенција во Каракас, Трамп изјави дека директно интервенира во нафтената индустрија на Венецуела и ја обезбедува контролата врз приходите од продажбата на нафта.
Венецуела ќе им испорача на САД меѓу 30 и 50 милиони барели санкционирана нафта, а тој самиот ќе ги контролира приходите од нејзината продажба, најави Трамп. Вредноста е околу 2,8 милијарди долари по моменталната пазарна цена. Трамп најави дека нафтата ќе биде продадена, а приходите ќе им користат на двете земји.
Овој обем приближно одговара на вкупното производство на венецуелската нафтена индустрија за еден до два месеца.
Нафтата ќе биде транспортирана со бродови директно до пристаништата во САД, напиша Трамп на неговата платформа Трут соушал. Министерот за енергетика Крис Рајт добил налог овој план да го спроведе „веднаш“.
„Оваа нафта ќе се продава по нејзината пазарна цена, а парите ќе бидат контролирани од мене, како претседател на Соединетите Американски Држави, за да се осигурам дека ќе бидат употребени за доброто на венецуелскиот народ и на САД“, рече Трамп.
Според замислата на Трамп, американските компании сега треба масовно да инвестираат и да ја обноват распаднатата нафтена индустрија во Венецуела. Многу демократи го обвинуваат претседателот дека ја нападнал Венецуела само поради нејзините нафтени резерви. Апсењето на властодржецот Николас Мадуро поради наводни деликти поврзани со дрога, според нив, било само изговор.
Слични новости
Европа стравува од нов царински удар на САД
Одлуката на Врховниот суд на САД да ги поништи дел од глобалните тарифи што ги воведе Доналд Трамп предизвика различен бран од реакции во Европа....
Трамп: Не планираме да враќаме пари на компаниите поради царините
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не планираат да враќаат пари на компаниите поради царините што беа воведени за низа странски држави, а кои Врховниот суд ги поништи во петокот.
Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати
Бројот на дизел возила во Европската Унија (ЕУ) во изминатата деценија се намалил за 67 отсто, за разлика од оние на бензински и електричен погон кои бележат раст, објави Еуростат.


