Американскиот претседател Доналд Трамп во средата објави повлекување на отстапките дадени на Венецуела од неговиот претходник Џо Бајден пред две години.
Трамп, во објава на социјалната мрежа Truth Social, рече дека ги „прекинува отстапките“ од „договорот за трансакција на нафта, од 26 ноември 2022 година“.

На тој ден во 2022 година, администрацијата на Бајден му издаде лиценца на „Chevron“ да го прошири своето производство во Венецуела и да увезува сурова нафта во Соединетите држави. Тоа беше единствената лиценца што администрацијата и ја додели на Венецуела тој ден. Трамп не го спомнува „Chevron“ во својата објава.
Најавата на Трамп уследи по една од почетокот на февруари во која тој рече дека Венецуела го прифатила враќањето на сите илегални мигранти од таа земја од Соединетите држави и ќе обезбеди нивен транспорт назад.
Во најновото соопштение, Трамп рече дека Мадуро не ги префрла Венецуелците од САД со темпото што беше договорено.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата влада отсекогаш ги отфрлаа американските и другите санкции, велејќи дека тоа се незаконски мерки кои се еднакви на „економска војна“ чија цел е уништување на Венецуела.
Мадуро и неговите сојузници ја пофалија отпорноста на земјата и покрај мерките, иако историски ги обвинуваа санкциите за економските тешкотии и недостигот.
Слични новости
Дуда апелира САД да разместат нуклеарно оружје во Полска
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите држави да го пренесат свото нуклеарно оружје во источна Европа
Хамас го поздравува ретерирањето на Трамп од предлогот за раселување во Газа
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, во средата го поздрави очигледното повлекување на американскиот претседател Доналд Трамп од предлогот за трајно раселување на Палестинците од Газа
Русија има барања за разговорите со САД околу Украина
Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа или дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред да ги прифати барањата