Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Џон Коул, кој помогна во преговорите за ослободување на затвореници од Белорусија, бил негов избор да биде специјален пратеник во земјата и дека ќе се залага за ослободување на повеќе затвореници.
Трамп испрати неколку делегации во Минск оваа година, во обид да го зголеми присуството на САД во Белорусија. Белорускиот претседател Александр Лукашенко е близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.
Во септември Белорусија ослободи 52 затвореници по апелот на Трампm, од кои 14 странски државјани осудени за шпионажа, екстремизам и тероризам. Претходно, тој го повика Лукашенко, кој е на власт повеќе од 30 години, да ослободи 1.400 затвореници кои американскиот лидер ги опишува како заложници.
„Коул веќе успешно преговараше за ослободување на 100 заложници и се стреми кон дополнителни 50“, рече Трамп во објава на неговата мрежа Truth Social.
„Би сакал однапред да му се заблагодарам на почитуваниот претседател на Белорусија, Александр Лукашенко, за неговото разгледување на ослободувањето на овие дополнителни луѓе.“
Лукашенко помилува најголем број затвореници во септември, а по години изолација и санкции, се проценува дека има намера да ги поправи односите со САД кои ја затворија својата амбасада во Минск во февруари 2022 година, обвинувајчќија дека Русија ја искористила Белорусија наводно за да испрати десетици илјади војници во соседната Украина.
Слични новости
Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата
Новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална безбедност повеќе не вклучува денуклеаризација на Северна Кореја, што ги поттикнува шпекулациите дека Вашингтон се стреми да ги зголеми шансите за дипломатски напредок со Пјонгјанг во 2026 година
Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК
Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми


