Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај Иран на било каков начин да ги нападне САД, ќе се соочи со силата на американската војска „на нивоа кои никогаш досега не се видени“.
Претходно Техеран најави дека планира да ги нападне американските воени бази на Блискиот исток.

Доналд Трамп порача дека САД немаат никаква врска со израелскиот напад врз Иран и дека лесно може да се постигне договор меѓу Техеран и Ерусалим со што би се окончал овој крвав конфликт, пренесува Ројтерс.
Израел продолжува со воени акции против Иран, главно со авиони, а голем број ирански ракети го избегнаа израелскиот систем на противвоздушна одбрана и ги погодија населбите Реховот и Бат Јам во Тел Авив, кога се убиени четворица луѓе, стотици се повредени, а десетици се водат како исчезнати.
Иран ги гаѓаше и градовите Јафа и Хаифа. Во Израел има најмалку 10-ина убиени и над 200 ранети.
Слични новости
Во иранските напади убиени тројца, а ранети 80 Израелци, Техеран и Ерусалим најавуваат продолжување на војната
Официјален Ерусалим соопшти дека во синоќешните два брана напади од Иран врз Израел со околу 150 балистички ракети биле убиени тројца луѓе, а 80 се ранети. Неколкумина од ранетите се во тешка состојба, соопштија израелските власти
Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа
Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили продолжуваат да го напаѓаат Иран и дека операцијата тукушто започна. Израел ноќеска отпочна напад врз Иран, наведувајќи дека се гаѓани нуклеарни објекти, фабрики за балистички проектили, воени команданти и физичари, чија цел е да се спречи Техеран да развие нуклеарно вооружување.
Трамп: Се надевам дека Иран ќе се врати на преговарачката маса по нападите
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба и дека САД се надеваат дека властите во Техеран ќе се вратат на преговарачката маса.