Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги прекине федералните средства за градот Њујорк доколку на изборите за градоначелник победи кандидатот на демократите Зохран Мамдани.
34-годишниот Мамдани, пратеник од Квинс, во својата кампања предложи политики за подобрување на достапноста на станување и јавните услуги, вклучувајќи бесплатна дечја нега, замрзнување на кириите и бесплатни градски автобуси.
Трамп во интервјуто за ЦБС го нарече Мамдани комунист и оцени дека е многу полош од социјалист. „Ако Мамдани стане градоначелник ќе ми биде тешко да му дадам пари на Њујорк, затоа што ако имате комунист на власт, се што правите е да ги загубите парите кои таму ги испраќате“, порача Трамп.
Мамдани порача дека Њујорк и натаму ќе прима сојузни средства, затоа што е тоа законска обврска, а не работа на волјата на претседателот. Тој предупреди дека ако победи неговиот противкандидат Ендрју Куомо, тој ќе биде марионета на Трамп.
Трамп изјави дека не е „обожавател“ на Куомо, но во счучај на избор меѓу лош демократ и комунист, секогаш ќе избере лош демократ“.
Слични новости
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата


