Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот омилен збор е царина, пренесуваат американските медиуми. „Би рекол дека мојот омилен збор е „царина“ и го сакам повеќе од било кој друг збор во речникот“, ја пренесува изјавата на Трамп Вашингтон пост.
Тој додаде дека работниците во челилачните остваруваат подобри резултати, благодарение на неговите царини. Да немавме царини, ќе немавме ни челик. Ќе ги немавме челичаните во САД што ќе беше навистина лошо за националната безбедност, изјави американскиот претседател.
Тој рече дека зборот „царина“ му е омилен затоа што им носи стотици милијарди долари на САД.
Слични новости
Девет номинации за Златен глобус за филмот „One Battle After Another“
Мрачната комедија и политички акционен трилер, продуциран, напишан и режиран од Пол Томас Андерсон „One Battle After Another“ со Леонардо Ди Каприо во главната улога, се најде на врвот на листата на филмски номинации за престижните холивудски Златни глобуси со девет номинации
Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот
Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.


