Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му се допаѓа идејата Ормутскиот теснец кој се наоѓа меѓу Персискиот и Оманскиот залив да се прогласи како територија на САД, навдувајќи дека Америка веќе го контролира.

“Ние го контролираме теснецот. Го контролираме со блокада. И ми се допаѓа идејата да го прогласиме дека е наша територија. Би можеле да го направиме тоа“ им изјави Трамп на американските новинари во Белата куќа.

Трамп рече дека „иранската војска може да биде пречка“ за реализација на таа идеја затоа што мое да поставува мини во водата.

Трамп рече и дека Иран е во големи проблеми, затоа што има инфлација од 300 насто, земјата е во хаос, а војската им е целосно поразена.

Американскиот претседател го критикуваше Оман и рече дека не се однесуваат добро. Доколку Оман постигне договор со Иран кој би бил штетен за американските интереси, тој најави дека САД се подготвени да го бомбардираат и Оман.

Слични новости

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „смешен“ предлогот на Европската унија Канада да стане нејзина придружна членка и се закани со воведување на „многу сериозни царини“ или намалување на трговијата со ЕУ.