Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за телевизиската мрежа Fox News дека очекува Илон Маск како дел од ревизијата што ќе ја води да открие измами и злоупотреби во износи од милијарди долари во Пентагон.

„Наскоро, можеби веќе за 24 часа, ќе му наложам да оди да го провери Министерството за образование…, а потоа одиме на војската. Да ја провериме војската“, изјви Трамп во интевјуто со Брет Баер за Fox News во исечокот емитиран во неделата утрото по локално време.

„Ќе откриеме злоупотреба на милијарди, стотици милиони долари и измами“, рече актуелниот американски претседател, алудирајќи на најголемата владина агенција.

Годишниот буџет на Пентагон е речиси трилион долари. Во декември, тогашниот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се одобруваат 895 милијарди долари за трошоци за одбраната за фискалната година која завршува на 30 септември.

Маск, за кој Белата куќа вели дека е специјален владин вработен во владата, доби задолжение од Трамп да спроведе и да ја надгледува проверката, кој има цел да го намали бројот на вработенит федерални службеници. Во рамките на оваа иницијатива, помошниците на Маск побараа пристап до доверливи информации во компјутерските системи на различни владини агенции.

Критичарите тврдат дека таквите напори се веројатно нелегални, дека постои ризик од откривање доверливи информации и дека тие ефективно уништуваат цели агенции без одобрение од Конгресот.

Советникот за национална безбедност Мајк Волц предложи во одделно интервју во неделата дека процесите на бродоградба на Пентагон треба да бидат област од посебен интерес за Одделот за владина ефикасност.

„Треба да се направат многу истражувања во бродоградбата, тоа е апсолутен хаос“, рече Валц во интервју за „Meet the Press“ на NBC.

globe

Слични новости

Бела куќа: Трамп ќе ѝ помогне на Украина да добие систем за противвоздушна одбрана

Бела куќа: Трамп ќе ѝ помогне на Украина да добие систем за противвоздушна одбрана

Соединетите држави ќе ѝ помогнат на Украина да добие систем за противвоздушна одбрана, изјави во средата портпаролката на Белата куќа, неколку часа по телефонскиот разговор меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски

ЕК инвестира стотици милијарди евра во одбраната

ЕК инвестира стотици милијарди евра во одбраната

Европската комисија во средата претстави одбранбен пакет вреден стотици милијарди евра кој треба да одговори на итните потреби на Украина и на долгорочната потреба за зајакнување на безбедноста и одбраната на земјите од Европската унија

Трамп по телфонскиот разговор со Зеленски: „На добар пат сме“

Трамп по телфонскиот разговор со Зеленски: „На добар пат сме“

Русија и Украина се обвинија меѓусебно во средата за прекршување на договорот за прекин на нападите врз енергетска инфраструктура, неколку часа откако на тоа се согласија рускиот и американскиот претседател кој исто така разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата и извести за одреден напредок