Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту една телевизиска мрежа од оние што тој ги смета за левичарски медиум не би требало да има можност да се проширува, наведувајќи дека постои потенцијален раст на таков вид на медиуми во САД.

„АБЦ и НБЦ се посебна катастрофа и тие се виртуелна рака на Демократската партија. Би требало да се посматраат како илегална кампања на радикалната левица. Не треба да им се допушти никакво ширење на лажни вести. Ако не ми се одземат лиценците, барем да се направат помали“, порача Трамп.  

Трамп минатата недела повторно ја повика Федералната комисија за комуникации да им ја одземе лиценцата за емитување на телевизиската станица АБЦ, откако новинар на телевизијата го праша како тој постапува со фајловите врзани за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер