Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека војната со Иран би можела да потрае уште 2-3 недели и дека САД веќе победиле во војната. Трамп одби да каже дали примирјето со Иран е окончано, откако Иран изврши напад врз Обединетите Арапски Емирати, но наведе дека војната наскоро ќе заврши.

„ Од воен аспект ние веќе победивме. Имаа 159 бродови, сега немаат ниту еден, сите се потопени и се на дното на морето. Или ќе постигмене вистински договор со Иран, или воено ќе победиме“ нагласи Трамп.

Зборувајќи за цената на нафтата Трамп оцени дека таа би можела дополнително да порасне, можеби и до 250 долари за браел, но дека е генијална работа што сега бодовите одат кон САД по нафта.  

Слични новости

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.