Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека писмено побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да не дава оружје на Иран. Кинескиот претседател му одговорил дека Кина не го снабдува Иран со оружје.

Во интервјуто за Фокс њуз Трамп не прецизираше кога се разменети писмата.

Минатата недела Трамп и се закани на Кина со царини од 50 насто, доколку продолжи да го снабдува Иран со оружје.

Официјален Пекинг и тогаш соопшти дека не испорачува оружје за Техеран и дека ако САД им воведат царини, Кина ќе возврати со реципрочни мерки.

 

Слични новости

Марта Кос со критики кон Белград за новите закони

Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед