Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста за забрана на извоз на дизелот од САД поради глобалниот недостиг на дизел и наглиот пораст на цените.

Трамп им порача на Европјаните да ги подготват залихите, набргу по изјавата на американскиот министер за финансии Скот Бесент веднаш да ги стават своите залихи на пазарот.

Забраната на извозот на дизелот во САД се разгледува во обид да се намали растот на цените на дизелот во САД. Трамп рече дека „многу сериозно се размислува за забраната“.

САД се меѓу најголемите извозници на дизел и се проценува дека дневно САД извезува меѓу 1,2 и 1,5 милиони барели дизел.

 

Слични новости

Иран го демантираше Трамп: САД не го контролираат Ормутскиот теснец

Тврдењата на американски опфицијални лица дека Ормутскиот теснец веќе не е блокиран се лага. Ормутскиот теснец останува блокиран и нема да биде отворен се додека не бидат прифатени условите на Иран, се наведува во соопштението на Техеран.