Американскиот претседател Доналд Трамп е сериозен во намерата да воведе 100 насто царина на британските стоки доколку Лондон не го укине данокот на дигитални услуги кој ги погодува големите американски технолошки компании, предупреди трговскиот претставник на САД Џејмисон Грир.
Грир за лондонски „Тајмс“ порача дека заканите на Белата куќа „не се блеф“ нагласувајќи дека Вашингтон го смета британскиот данок дискриминаторски кон американските компании.
Спорот се однесува на британскиот данок на дигитални услуги од два насто, кој се применува на приходите на големите пребарувачи, социјалните мрежи и интернетските пазари остварени од корисниците во Велика Британија.
Данокот беше воведен во 2020, а се однесува на компаниите чии глобални приходи од дигитални дејности надминуваат промет од 500 милиони фунти.
Слични новости
САД најавија драстично зголемување на царините на генеричките лекови
Белата куќа соопшти дека од први август годинава сите генерички лекови што се увезуваат во САД во наредните две години ќе бидат ослободени од царини, по што ќе следи зголемување на царините од 100 насто, а следната година од 200 насто.
Нов драстичен скок на цената на нафтата Брент
Цената на референтната нафта Брент денеска на берзите порасна за дури 3,99 насто на 94,66 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта ВТИ скокна за 4,13 насто на 87,79 долари за барел.
Европските индекси во плус на берзите
Европските индекси на главните европски берзи денеска се главно во плус, додека експертите во Европа ги анализираат извештаите за зарботка на компанијата Рош, шпанската банка Сантандер и Телеком Австрија.

