Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Велика Британија со воведување на „големи царини“ доколку британскиот премиер Кир Стармер не го укине данокот на дигитални услуги, кој САД го сметаат за неправедно насочен кон американскуте технолошки компании.
Трамп изјави дека САД би можеле да воведат високи царини како одговор на данокот, кој изнесува два посто на приходите на големите технолошки компании. социјалните мрежи, и пребарувачи, вклучувајќи ги компаниите како што се Епл, Гугл и Мета.
Трамп наведе дека станува збор за американски компании и дека нивниот третман е „неприфатлив“ со порака дека САД лесно би можеле да ја решат ситуацијата со царини, доколку данокот не биде укинат.
Слични новости
Цената на нафтата повторно расте
Суровата нафта Брент порасна за 3,5 проценти на 93,51 долари за барел поради загриженоста дека Иран би можел да ја задржи нафтата во Персискиот Залив ако продолжи да ги блокира танкерите
Откажување на летови поради кризата со керозин
Поради растот на цените на авиогоривото, повеќе авиокомпании веќе кратат линии, а се зголемува и ризикот од поскапување на билетите.
ЕУ размислува за делење авионско гориво меѓу членките поради кризата со керозинот
Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток.


