Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Велика Британија со воведување на „големи царини“ доколку британскиот премиер Кир Стармер не го укине данокот на дигитални услуги, кој САД го сметаат за неправедно насочен кон американскуте технолошки компании.

Трамп изјави дека САД би можеле да воведат високи царини како одговор на данокот, кој изнесува два посто на приходите на големите технолошки компании.  социјалните мрежи, и пребарувачи, вклучувајќи ги компаниите како што се Епл, Гугл и Мета.

Трамп наведе дека станува збор за американски компании и дека нивниот третман е „неприфатлив“ со порака дека САД лесно би можеле да ја решат ситуацијата со царини, доколку данокот не биде укинат.

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.