Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Иран сака да постигне договор со САД околу својата нуклеарна програма.
Во интервју за „Фокс Бизнис“, Трамп рече дека би било „глупаво“ доколку Техеран не се согласи на договор.
На прашањето дали евентуален договор би бил одржлив со сегашниот ирански режим, Трамп одговори дека не е сигурен, но нагласи дека Иранците комуницираат со него. „Знам едно – сакаат договор.
Не разговараат со никој друг, но разговараат со мене“, изјави тој. Во меѓувреме, висок ирански безбедносен претставник отпатува во Оман, кој посредува во разговорите меѓу Техеран и Вашингтон, со цел да се избегне можен американски воен удар.
Слични новости
Поранешниот претседател на Јужна Кореја осуден на доживотен затвор
Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол е осуден на доживотен затвор по обвинението за поттикнување бунт поради неговата одлука за воведување воена состојба во декември 2024 година.
Зеленски порача дека ако дојде до договор за прекин на огнот Украина ќе го почитува
По вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД во Женева, нема конкретен напредок, иако преговарачите на двете страни изнесоа умерен оптимизам.
Парламентарните избори во Бугарија закажани за 19 април
Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.


