Доналд Трамп кажа дека Иран го информирал дека се наоѓа во состојба на колапс, откако изрази незадоволство од последниот предлог на Техеран за решавање на двомесечниот конфликт.
„Иран тукушто ме информираше дека се наоѓа во состојба на колапс. Тие сакаат да го отворат Ормускиот Теснец што е можно побрзо, додека се обидуваат да сфатат кој ја води земјата, што мислам дека брзо ќе го решат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Техеран повеќе пати демантираше дека државното раководство е во колапс, а портпаролот на иранската армија изјави за државните медиуми дека Исламската Република не смета дека војната е завршена.
Слични новости
Албанската влада ја укина забраната за Тикток
Албанската влада ја укина привремената забрана за Тикток, воведена пред единаесет месеци, според официјален документ на кабинетот на премиерот.
„Вашингтон пост“ отпушти повеќе од 300 новинари
Компанијата отпушти околу 30 отсто од сите свои вработени, вклучително и повеќе од 300 од околу 800 новинари во редакцијата.
Од разговорите за мир во Украина, засега само договор за размена на заробеници
Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави дека САД, Украина и Русија на разговорите во Абу Даби се согласиле да разменат 314 заробеници во „првата таква размена за пет месеци“.