Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на предлогот на САД за прекин на војната, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“. Тој ги одби барањата на Техеран, истакнувајќи дека не ги прифаќа нивните услови.
Трамп на својата платформа Трут Соушл напиша: „Штотуку го прочитав одговорот на таканаречените претставници на Иран. Не ми се допаѓа – целосно неприфатливо“.
Барањата на Иран беа доставени до САД преку посредничката земја Пакистан. А претходно, САД предложија прекин на борбите, по што би започнале преговори за поконтроверзни прашања, како што е иранската нуклеарна програма.
Според информациите Иран сака преговорите да се фокусираат на трајно завршување на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан, каде што Израел се бори против милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, и да ја обезбеди безбедноста на бродовите.
Американскиот предлог пак се фокусира на завршување на војната, повторно отворање на Ормутскиот Теснец и укинување на нуклеарната програма на Иран, прашање за кое Техеран би сакал да разговара подоцна.
Слични новости
Радев официјално ја презеде власта во Бугарија
Бугарското Народно собрание, ја избра новата Влада предводена од премиерот Румен Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија.
Грабеж на банка во Германија, ограбувачите зедоа и заложници
Банкарски ограбувачи зедоа повеќе заложници во западногерманскиот град Зинциг соопшти полицијата која постави кордони а неколку тешко вооружени полицајци ја опколија банката.
Локални избори во Велика Британија
Локалните избори во Велика Британија во четврток, 7 мај, на кои имаат право на глас 30 милиони гласачи, се огромен тест за сите главни политички партии, но најмногу за Кир Стармер како премиер и лидер на Лабуристите.


