Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на предлогот на САД за прекин на војната, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“. Тој ги одби барањата на Техеран, истакнувајќи дека не ги прифаќа нивните услови.
Трамп на својата платформа Трут Соушл напиша: „Штотуку го прочитав одговорот на таканаречените претставници на Иран. Не ми се допаѓа – целосно неприфатливо“.
Барањата на Иран беа доставени до САД преку посредничката земја Пакистан. А претходно, САД предложија прекин на борбите, по што би започнале преговори за поконтроверзни прашања, како што е иранската нуклеарна програма.
Според информациите Иран сака преговорите да се фокусираат на трајно завршување на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан, каде што Израел се бори против милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, и да ја обезбеди безбедноста на бродовите.
Американскиот предлог пак се фокусира на завршување на војната, повторно отворање на Ормутскиот Теснец и укинување на нуклеарната програма на Иран, прашање за кое Техеран би сакал да разговара подоцна.
Слични новости
Трамп го отфрла иранскиот предлог
Американски функционер тврди дека Доналд Трамп не е задоволен од предлогот на Иран за прекин на војната, бидејќи не го опфаќа клучното прашање за нуклеарната програма.
Лондон го испраќа кралот за да го ублажи спорот со Вашингтон
Британскиот крал Чарсл Трети допатува во четиридневна посета на САД во државна посета која според оценките на западните медиуми би можела да биде...
Tрамп ги повика назад американските преговарачи со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Fox news рече дека донел одлука американските претставници да не одат на преговорите со Иран....


