Американскиот претседател Доналд Трамп  го отфрли иранскиот одговор на предлогот на САД за прекин на војната, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“. Тој ги одби барањата на Техеран, истакнувајќи дека не ги прифаќа нивните услови.

Трамп на својата платформа Трут Соушл напиша: „Штотуку го прочитав одговорот на таканаречените претставници на Иран.  Не ми се допаѓа – целосно неприфатливо“.

Барањата на Иран беа доставени до САД преку посредничката земја Пакистан. А претходно,   САД предложија прекин на борбите, по што би започнале преговори за поконтроверзни прашања, како што е иранската нуклеарна програма.

Според информациите Иран сака преговорите да се фокусираат на трајно завршување на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан, каде што Израел се бори против милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, и да ја обезбеди безбедноста на бродовите.

Американскиот предлог пак се фокусира на завршување на војната, повторно отворање на Ормутскиот Теснец и укинување на нуклеарната програма на Иран, прашање за кое Техеран би сакал да разговара подоцна.

 

Слични новости

Трамп тврди дека примирјето со Иран продолжува да важи и покрај инцидентите во Ормускиот теснец

Трамп тврди дека примирјето со Иран продолжува да важи и покрај инцидентите во Ормускиот теснец

Примирјето меѓу САД и Иран останува во сила, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп и покрај инцидентите во водите на Ормускиот теснец, за кои Техеран и Вашингтон имаат различни верзии.