Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот, додека ние стоиме и гледаме, заврши, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social).
„Ние ќе бараме посветеност од овие навидум непријателски земји дека нема да создадат нова валута БРИКС, ниту да поддржат друга валута што ќе го замени моќниот американски долар или, тие ќе се соочат со царини од 100 проценти и треба да очекуваат да се збогуваат со продавање во прекрасната американска економија“, порача Трамп.
Акронимот БРИКС е изведен од почетните букви на земјите основачи Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. На почетокот на 2024 година, Иран, Етиопија, Египет и Обединетите Арапски Емирати се приклучија на БРИКС, додека Индонезија се приклучи на почетокот на јануари.
Групата има за цел да дејствува како противтежа на Групата седум (Г7) водечки западни економски сили, а се почесто размислува да воведе сопсвена валута како противтежа на доларот.
Слични новости
Волстрит падна минатата седмица, европските берзи пораснаа
Цените на акциите паднаа на Волстрит минатата седмица, најмногу во технолошкиот сектор, додека на европските берзи пораснаа откако Европската централна банка (ЕСВ) дополнително ги намали каматните стапки
Инфлацијата во Германија ослабе на почетокот на 2025.
Инфлацијата во Германија ослабела во јануари, со значително поблаг раст на цените на храната, покажаа во петокот објавените прелиминарни пресметки на заводот за статистика
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
Полскиот премиер Доналд Туск по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ, рече дека гледа причина за загриженост, но не и за страв