Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има намера да ги депортира сите илегални имигранти од САД за време на неговиот четиригодишен мандат, но сака да ги заштити имигрантите кои припаѓаат на т.н. „Dreamers“ (сонувачи), рече тој во интервју што беше имитирано во неделата на NBC News.

Во емисијата „Meet the Press with Kristen Welker” на NBC, Трамп исто така рече дека планира носење узвршен указ на неговиот прв ден на стапувањето на должноста за да се обиде да го укине државјанството по раѓање, кое му дава државјанство на секој роден во САД, без оглед на имиграцискиот статус родителите.

Трамп, републиканец кој го освои втор мандат во Белата куќа со ветување за масовни депортации, се очекува да ја прогласи илегалната имиграција за национална закана кога ќе ја преземе функцијата на 20. јануари и да ги искористи ресурсите на федералната влада за да ги сузбие имигрантите.

 

Американското Министерството за домашна безбедност на САД процени дека од јануари 2022 година во САД илегално се наоѓаат околу 11 милиони имигранти, иако таа бројка веројатно е поголема денес. Во денешното интервју, Велкер го праша Трамп дали планира да ги депортира сите што престојуваат нелегално во САД.

„Мислам дека тоа мора да се направи… Тешко е да се стори тоа. Знаете, имате правила, прописи, закони“, одговори Трамп.

Трамп рече и дека сака договор со кој ќе се заштитат имигрантите кои биле илегално донесени во САД како деца – таканаречените „сонувачи“, велејќи дека републиканците се отворени за таа идеја.

За време на неговото претседателствување 2017-2021 година, Трамп се обиде да ја прекине програмата која предвидува изземање од депортации, како и работни дозволи за имигрантите, но Врховниот суд го блокираше.

Плановите на Трамп да се обиде да го оспори државјанството стекнато со раѓање во САД најверојатно ќе се соочат со правни предизвици. Ова право произлегува од амандманот на Уставот на САД и е поддржано со преседан од 1898 година во кој Врховниот суд го потврди правото на државјанство стекнато со раѓање.

Трамп навести дека републиканците можеби ќе треба да се заложат за за уставна измена за да се позанимаваат со проблемот, што се оценува како макотрпен процес.

globe

Слични новости